СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Т.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поднесување лажни докази“.
Како што информира МВР, пријавената, во бракоразводна постапка во Основен суд Охрид како доказ употребила исправа за која знаела дека е невистинита со цел да и биде изречена помала сума за издршка на малолетната ќерка.
– Таа пред судот приложила лажен доказ, односно невистинити исплатни листи за месечна нето плата од вкупно 13.000 денари во првите три месеци од оваа година иако знаела дека за истиот период, нејзината плата изнесувала 18.000 денари, Тоа било суштинско во бракоразводната постапка и во пресудата на Основниот суд во Охрид да биде задолжена да исплаќа помал износ за издршка на малолетно дете, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст