| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен полициски службеник во акција на МВР

Министерството за внатрешни работи  во моментов спроведува акција за разбивање на меѓународна криминална група која криумчарела мигранти од Блискиот исток и Африка.

Според првичните информации од полицијата, досега се уапсени 13 лица од кои едно од Судан. Меѓу приведените има и еден полициски службеник од Сектор за гранични работи, додека две лица се наоѓаат во бегство.

Полицијата изврши претрес во повеќе домови при што пронајдени и одземени се девет возила кои биле користени за превоз на мигрантите.

Повеќе детали за денешната акција, Министерството за внатрешни работи најави за утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top