| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во семејството на Ѓоковиќ: Чичко му се убил, стрината го опљачкала

Стрината на Новак Ѓоковиќ, сопругата на Момир Ѓоковиќ, го прогласила Момир за мртов. па му го го презела богатството што го заработил работејќи со скапоцени камења. Овој не можел да го профати тоа, па си го одзел животот.

Момир Ѓоковиќ (59), чичко на Новак, се обесил пред четири години во својата куќа во Краљево, дознава српски Курир.

Првиот братучед на таткото на Новак, Срѓан, не можел да поднесе што го измамила сопругата кога во Австралија, каде што живеел, го прогласила за мртов и си го присвоила неговото богатство.

По занимање бил рударски техничар и скоро 4 децении се занимавал со проучување и обработка на минерали и така се збогатил. Бил добар човек, чесен и вреден. Долго живеел со сопругата во Австралија, но пред 15 години морал да се врати во Србија поради документи. Оваа ситуација ја искористила сопругата и го прогласила за мртов. Парите што ги заработил работејќи со скапоцени и полускапоцени камења му останале заробени кај неа. Се обдувал да докаже дека е жив, но попусто. Пишувал писма до Амбасадата на Австралија. докажувал дека тој е човекот кој е прогласен за мртов, но неговото барање од некоја причина не било профатено.

По неколку години борба, се откажал и отишол во Словенија да работи како обезбедување. Работел како коњ, но го јадело тоа што со парите што ги заработувал стоејќи на врата, не мопжел да живее како претходно, а не можел ни да се помири со тоа што го измамила сопругата. Набрзо се вратил во Краљево, па последните години живеел скромно, на раб на егзистенција.

Срѓан многупати му помагал, но Момир не сакал да живее од милостина. Се обесил кога му ја исклучиле струјата Имал големи долгови за данок и комуналии, а не сакал да му биде тогар на Срѓан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top