Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека годинава ќе ја заокружиме со максимум 0,7 отсто економски раст, наспроти последните проценки на Светска банка за раст од 1,5 проценти.
– Ќе бидеме презадоволни ако Македонија ја заокружи годината со економски раст од 0,5 до 0,7 отсто. Сметаме дека проекциите од 1,5 на Светска банка или 2,5 проценти на Владата никако не може да се постигнат. Во првиот квартал растот беше нула, во вториот -1,8. За да постигнете раст од 2,5 треба во двете тримесечја да биде пет отсто, што нема логика, вели извршниот директор на СКСЗМ Дрилон Исени во разговор за МИА.
Исени и оперативниот директор на Комората Миљаим Амети порачуваат, државата наместо да им дава субвенции за минимална плата на компаниите, да размисли за поддршка за воведување нови технологии и ноу-хау што ќе ги направи финансиски помоќни и конкурентни, а еднаквиот третман на странските и домашните инвеститори да не биде само во однос на даночните олеснувања и субвенциите, туку и во делот на инфраструктурата.
СКСЗМ останува на ставот дека Македонија треба да го тргне настрана митот за евтината работна сила, што поскоро да го спроведе пописот на населението и да се насочи најпрво кон намалување на увозот пред да го форсира извозот.
Клучни за бизнисот, според Исени, и натаму се полесниот пристап до финансии, рамномерниот регионален развој, владеењето на правото и неселективната примена на законите.
Компаниите – членки на СКСЗМ немаат проблем со новиот Закон за минимална плата.
– Нашите членки немаат никакви проблеми во однос на примената на Законот за минимална плата зашто платите што им ги даваме на вработените се значително поголеми. Ние сме поборници дури да се поддржи и просечната плата, да се подигне стандардот. Дали субвенционирањето на фирмите за обезбедување мининална плата е најдобриот начин, не знаеме. Добро е да се размисли дали субвенциите за фирмите се најдоброто решение или можеби треба да се оди со поддршка за воведување нови технологии, машини и ноу-хау, што би придонело компаниите да станат финансиски посилни, сами да го износат товарот и да бидат поконкурентни, истакнуваат Исени и Амети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст