| четврток, 6 декември 2018 |

„Тесла“ донесе струја во Порторико

Компанијата „Tesla“ само што го реши проблемот на многу Порториканци, инсталирајќи соларни панели и батерии во болницата во Сан Хуан. Порторико остана без струја минатиот месец, кога беше погоден од ураганот Марија.

Во држава во која моментално 2,5 милиони од населението нема струја, овој потег на „Tesla“ е забележан како огромен успех.

„Инсталацијата беше готова за една недела. Сега сме на соларна енергија, што ни дозволува повторно нормално да си ја вршиме работата“, изјави еден од докторите од болницата во Сан Хуан.

Оваој потег на „Tesla“ дојде откако Елон Маск се понуди да им помогне на властите на Порторико околу проблемот со недостаток од електрична енергија.

„Tesla“ вети дека ова ќе биде прв од многуте проекти со соларна инсталација на територијата на Порторико, иако уште нема официјални информации кога ќе започне изградбата на останатите.

Целиот систем за произведување на електрична енергија, заедно со батериите за складирање на истата, беше донација на „Tesla“ за Порторико, како еден вид поддршка во тешките моменти за оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top