Повеќето луѓе ги сметаат за жртви проститутките и другите сексуални работнички, но тоа не е секогаш така. За некои луѓе професијата проститутка, ескорт девојка или спонзоруша е иста, а поврзувањето на сексот со пари го сметаат за злоставување и нечовечност. Сепак, постојат жени кои спијат со други мажи затоа што тоа им се допаѓа, а плус добиваат и пари за тоа.
Спонзорушите се млади девојки кои уживаат во вниманието на постари мажи, а тоа внимание најчесто значи опсипување со пари и подароци. Тие за возврат им го нудат нивното друштво, кое понекогаш воопшто не вклучува секс. Спонзорите ги наоѓаат на веб сајтови како што се Sugardates.com во Европа и Seekingarrangement.com во Америка.
Спонзорушите се модерни, практични и едуцирани девојки кои полека ја менуваат свеста за сексуалните работнички во денешните околности. Тие станаа толку вообичаени, што некогаш и елитни медиуми како Волстрит џурнал, Си-ен-ен или Би-би-си известуваат за нив. Како причина поради која во западниот свет се зголемува бројот на млади девојки кои бараат спонзори се студентските кредити, за кои често е потребно да се издвојат повеќе пари, но и економската криза.
Многумина се уверени дека она што го прават спонзорушите е еднакво на проституција, само е малку ублажено за да биде социјално поприфатливо. Но, тоа не е вистина. Многу кориснички на вакви страници се образовани млади жени или студентки, кои ја користат оваа платформа за да заработат големи суми на пари. Освен тоа, тие се доказ дека сите девојки кои се наоѓаат во сферата на сексуалната индустрија не се „жртви“.
Животот не им е тежок ниту на спонзорите, кои така имаат поголеми шанси од другите мажи да запознаат млади и згодни жени, немаат никакви обврски кон нив, односите од почеток се јасно одредени, а партнерка можат да пронајдат било кога, било каде и преку било кој уред (смартфон, лаптоп или таблет).
Новинар од сајтот „Unilad” направил профил на Sugardaters.co.uk за да запознае девојки и да открие зошто го прават она што го прават.
Некои од нив тврделе дека воопшто не работат во сексуалната индустрија, други мислат дека се во некоја сива зона, додека трети не ја гледаат разликата помеѓу проститутка и спонзоруша.
„Сакам да имам секс, па зошто да не сум платена за тоа?“, рекла една девојка, додека друга рекла: „Зошто да работам во кафуле за три евра за час, кога можам да заработам 800 евра за секс со некој банкар?“
Трети му објасниле дека поради тоа можат да си дозволат патувања, можност да се занимаваат со она што го сакаат, да ги платат студиите, да вечераат во елитни ресторани и да живеат во убави станови.
Низ разговорот со овие девојки, новинарот утврдил дека сексот со спонзорите го доживуваат многу поразлично од сексот поради љубов и забава.
„За разлика од сексот со момчето, во сексот со спонзорот знаете дека тој не мечтае за никоја друга додека е со вас. Кога некој ве плаќа за секс, тоа е затоа што сака да биде со вас“, тврдела една девојка.
Поради тој разговор, новинарот се запрашал дали сите жени размислуваат на овој начин, но не се осмелуваат да тргнат по овој пат поради образованието и некои други вредности во кои веруваат.
„Можеме да имаме секс поради љубов, можеме да имаме секс поради пари, поради забава, можеме да имаме секс поради било која причина под услов тоа да е наша одлука“, рекла таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.