Актерот Тони Михајловски преку својот Фејсбук профил испрати пораки до ВМРО, за Македонија и, како што напиша, за другите.
Неговите пораки објавени во Фејсбук статусот ги пренесуваме во целост
За ВМРО:
Никогаш не ме интересирало кој е лидер на СДС. Ниту па ќе ме интересира. Уствари што полош тоа подобар, али тоа нека остане меѓу нас. Поштено. Не им се мешам, нити пак некад ќе им се замешам. Зошто би се мешал у нивна пита луѓе Божји? За тази дупка тези ште си сложат крпка, вика една стара татарскодобрососедска . Тие нека си мислат. Истото важи за сите други политички партии, приврзоци и испрдоци. Мене ме интересира, и тоа ми е некако нормално, зошто ние вмровците ништо не научивме? Постојано реагираме и играме баш онака како што сакаат тие. Точно знаат кога да не поделат. Кога сме најобединети. Сега според провереното сценарио треба да ни се случи “Панорама 2”. Треба да се намразиме меѓу себе и да се помируваме и лутиме во внатрешната борба, за нивни комотни, најмалку 4 години. Треба да излезат нови револтирани “војводи” со свои истомисленици. Се што залечивме, треба да се разболи. Лидерот “ќе” ни го прогласат за наш непријател, а ние со тоа треба да се сложиме, и по можност да бидеме џелати за нивните раце да останат чисти. И така ќе направиме и со следниот? И со тој после него, и со сите околу него? Па кој ќе остане? Никој да не остане е нивната агенда за нас. И да го снема ВМРО. Не го научивме тоа? Нели би требало и покрај реформи сите да останеме заедно? Оти ВМРО е идејата која не поврзува. Не јас, ниту ти, нити Љубчо, Никола или било кој следен. И нели е подобро тие што згрешиле, да останат? За да ја поправат грешката. За да ни укажат ние да не ја повториме. Неуки ли се тие луѓе до толку да се фрлат на буниште баш како што сакаат душманите? Фуере и сличните белосветски кучиња ни се поголеми пријатели? На овие прашања го имам одговорот. Она што не знам, а вие не кажувате, е следново. Зошто реформите почнаа пред избори? Зошто не сега? Некој го намести часовникот? Некој подбуцна, потплати? Што се славеше? Победата на СДС, или поразот на ВМРО-ДПМНЕ?На нешто од ова мора да се одговори за да бидеме сплотени.
За Македонија:
Ние, Македонците, уште помалку научивме колку сме слаби кога сме разединети, посебно по едно битно прашање за сите нас црвени, плави, зелени, жолти, црни или бели. Тоа е прашањето за Македонија и Македонците. Тргнати сме по ѓаволот, и секој ден сме се подалеку од доброто. Раскарани, поделени дури и во поделеноста.
За другите:
Албанците ни покажаа дека и кога се “најраскарани” се посилни од било кој. Тоа е таа слога, што ние ја немаме. Да си обединет и кога не се слагаш. Честитки. Ова е нивна историска победа. Тие никогаш не оделе наназад ако веќе стигнале до една точка. Само напред. Ама тоа е до чувството на припадност, кое кај нас ретко кој го има, или секој го толкува на свој сопствен и единствен начин. Кај Албанците тоа е едно. Тоа е патриотизам. И не се срамат од него. И така треба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст