-Еве, дома сум, малку излегувам, се подготвувам за следната хемотерапија. Деновите си ги скратувам вежбајќи го гласот, а ги гледам и натпреварите на Хајдук, вели Оливер Драгоевиќ во ексклузивно интерви за 100posto.hr.
Хрватскиот музичар, добитникот на свечената награда „Цесарица“, Оливер Драгоевиќ, боледува од карцином на белите дробови, а првиот настап по дијагностицирањето на болеста го одржа пред десетина дена во сплитскиот ХНК на прославата на 50-годишнината на жупансиката лига против ракот. Се појави со капче на главата, но набрзо го симна и откри дека е без коса. Неколку дена подоцна, немаше сила да настапи со Џибони во загрепската Арена.
Иако концертот на Џибони поминал одлично, и публиката и музичарите на сцената ја чувстуваат празнината од неговото отсуство. Оливер вели дека му е жал што не настапил во Загреб, но поддршката од колегите и публиката многу му значи и го охрабрува.
-Ѓаволска болест, малку ослабев, но се надевам на позитивен исход. Најважно е да останеш цврст во главата, а јас спихички се чувствувам добро. Пијам многу лекови, за секакви чуда… Против болки, за крв, за енергија, па ми се случуваат нуспојави. Тепко е да се усклади сето тоа и да се верува дека таблетите меѓусебно се компатибилни. Дури и го изгубив слухот. Тоа траеше две недели, како да му беа затнати ушите, вели Драгоевиќ во интервјуто и насмеан во шега додава дека сепак не останал без глас.
-Секој ден дома вежбам. Малку свирам, пеам, се обидувам да не го изгубам ритамот.
Драгоевиќ се уште не знае во каква состојба е неговиот тумор и дали досегашните хемотерапии дале некаков плод. За неколку месеци треба да направи преглед на ЦТ, а тогаш ќе знае дали туморот е неутрализиран.
-Ако класичната хемотерапија не помогне, ќе се завртам на други начини на чекување, што да правам.
-Мислам дека никогаш нема да престанам да пушам. Ги намалив цигарите, но се уште пушам. Знаеш што, ми одат на нерви сите тие совети за исхрана, пушење, движење… Една цигара не можам да испушам, ама додека терам, терам. Ако можев цел живот да уживам, можам и сега.
Сепак, единствено нешто за што жали е што не може да отиде на Корчула, на риболов.
-Само за тоа ми е жал. Ми недостасува морето, бротчето на Корчула, да одам по риба. Со години тоа ми беше смислата на животот, а сега домашните ми носат риба, иронично вели Оливер.
-Брзо се заморувам, не можам долго да зборувам.Верувам во хемотерапијата како начин на лекување , но хемотерапијата на секој човек делува различно. Засега е добро, прашање е дали ќе остане така, заклучува Драгоевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст