Референдумите за поголема регионална автономија, кои деновиве беа одржани во Италија, се одличен европски модел, кој може да се примени и во Хрватска, изјави денеска за хрватски „Индекс“ Иван Јаковчевиќ, пратеник од редовите на Истарскиот демократски сабор – Алијанса на либерали и демократи за Европа (ИДС-АЛДЕ).
Јаковчевиќ оцени дека по примерот на легалните референдуми во Ломбардија и во регионот Венето, може да се спроведат вакви изјаснува за поголема регионална автономија и во Хрватска.
Изјавата добива на тежина, затоа што доаѓа од претставникот на Истра, жупанија и несудениот ргеион, кој веќе со години бара децентрализација и регионализација на земјата, коментира портаолот Индекс.
– За разлика од референдумот во Каталонија, кој беше едностран потег на каталонската Влада, референдумите во Венето и Ломбардија се легални. Обата референдума се успешни, посебно оној во Венето, каде речиси 60 отсто од избирачите излегоа да гласаат, од кои огромно мнозинство гласаше за поголема регионална автономија, вели Јаковчевиќ.
– Да ги прашаме граѓаните дали сакаат или не поголема автономија на своите региони, предлага хрватскиот пратеник.
– Повикувам да размислиме на кој начин можеме да постигнеме поголемо ниво на децентрализација во Хрватска. Сигурен сум дека подлабока децентрализација би била за добробит на сите хрватски граѓани, заклучи Јаковчевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст