Во општина Росоман бројот на вработени лица кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт беше 402 лица, на крајот на 2016 година е 1.100. Тоа е оргомна разлика- од 400 на 1.100 вработени. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, за тоа се трудевме, тоа го ветувавме и тоа го реализиравме. Така ќе се продолжи и во иднина кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на власт, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на мини митингот во Росоман.
-Ќе обезбедиме и учениците од прво до петто одделение да имаат бесплатен и здрав оброк во училиште. Општината Росоман и Стојанче Лазов ќе овозможат можности за граѓаните кои немаат сопствен дом да стекнат сопствен дом по симболична почетна цена од само 1 евро метар квадратен на земјиштето и ќе им се укинат или дрстично намалат комуналиите. Нудиме концепт во кој нема да има неасфалтирана и неосветлена улица и во кој во секое маало ќе има парк.
Ќе изградиме, додаде Груевски, нови игралишта за кошарка, ново повеќенаменско игралиште и 3 нови детски забавни игралишта, ќе работиме на силен економски развој на Росоман, ќе инвестираме во уредување на индустриските зони и за креирање на нови работни места.
-Сето ова ќе се реализира со тоа што во недела ќе се излезе одлучно и ќе се поддрши Лазов зад кој стои ВМРО-ДПМНЕ. Ве повикувам во недела максимално храбро, стравот да го победиме со пркост, да излеземе да гласаме со крената глава, со достоинство. Стојанче Лазов да продолжи со мнозинство во советот, општина Росоман да се развива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст