Кандидатот за градоначалник на општина Росоман од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Лазов денеска истакна дека него како градоначалник го водат принципите на љубов кон семејството, работата кон општината и вечната борба за Република Македонија.
-Мојата идеологија, која е десно ориентирана подразбира да веруваш во себе, во своите најблиски, да ствараш добра за себе и за своите, да ги сакаш семејството, пријателите, црквата наша, општината наша, но и во срцето да ти биде татковината наша, Република Македонија. Тоа и ништо друго не красат нас, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е она што ние и досега сме го докажале во нашето работење, во нашите мандати, посочи Лазов.
Потенцира дека во изминатиот период, како градоначалник на општина Росоман, работел напорно и чесно и оти се обидел да ги оствари сите проекти кои биле зацртани во неговата претходна предизборна програма. Лазов вели дека реализирани 97 отсто од програмата која ја ветил пред граѓаните.
-Вкупно асфалтиравме над 15 километри улици во сите населени места во Росоман. Вкупно асфлатиравме 19 километри локални патишта или 7 локални пата во 5 населени места. Вкупно се асфлатираа 20 километри регионални патишта. Ги уреднивме централните подрачја на сите населени места, канализација во должина од 5 илјади метри, водовод од 5 илјади метри и решено е комплетно водоснабдувањето во сите населени места. Изградивме резервоар за водоснабдување, а пуштивме и нова детска градинка која еве сега се покажува дека е мала, посочи Лазов, додавајќи дека изградена е нова фискултурна сала, нови 9 игралишта за спортски активности и 5 паркови со детски реквизити.
Вели дека изграден нов парк, реконструирано е старото училиште, но изградено е и ново во селото Паликура.
-Пет училишни згради во подрачните училишта се реконструирани од темел до покрив. Направени се тротоари во сите населени места, рече Лазов, додавајќи дека изградени се четири цркви на територијата на општината.
Потенцира дека досега реализирани се 200 проекти кои граѓаните можат да ги видат, посочувајќи дека тоа не се проекти какви што нуди СДСМ, односно воздух и ветер.
-Поради сето ова што е сработено можеме да речеме дека она што е препознатливо за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ е нивната посветеност, истрајност, решителност да ги реализираат проектите кои ги ветуваат пред секој мандат. Затоа ви нудиме реално остварливи проекти кои се гледаат, а служат за вас и за нашите деца, а не како нашите политички противници кои немаат ништо конкретно да понудат, а го бараат гласот, посочи Лазов.
Тој денеска најави низа проекти од својата предизборна камапања. Според него, во следниот период предвидено е асфалтирање на преостанатите улици во општината, во должина од 5 километри.
-Изградба на тротоари. Уредување на централните подрајча на Росоман и Сирково. Поправање на полските патишта. Доградба и проширување на детската градинка, но и клон на детската градинка во селото Сирково, најави Лазов.
Потенцира дека планиран е детален урбанистички план за Росоман, како и простории за целодневен престој на пензионерите во тоа населено место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст