Над 15.600 апликации се добиени досега за огласот за вработување на 1.600 лица од најзагрозените социјални категории, а според очекувањата нивниот број може да достигне до 30.000.
Големиот интерес за акцијата беше потврден на денешниот форум во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Вработувања на 1600 лица од најзагрозените социјални категории“.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов истакна дека намалување на невработеноста е еден од најголемите приоритети на Министерството и Владата.

Министерот за труд и социјална политика,
Диме Спасов
За оваа намена обезбедени се вкупно 554 милиони денари од активниот план за вработување и се очекува да се создадат услови и можности за вработување и за основање на бизнис на повеќе од 10.000 луѓе – изјави Спасов, додавајќи дека цели на оперативниот план за вработување се обезбедувањето услови за вработување и стекнување на знаење, искуства и подготовка на лицата за вработување.

Жарко Караџовски
Директорот на ЈП „Македонски шуми“, пак, Жарко Караџоски, нагласи дека најголем број од пристигнатите апликации се за помошници-работници, но не е слаб интересот и на оние со високо образование.
Изборот на сите овие 1.600 лица ќе се врши правично и праведно на професионален начин, а изборот ќе го вршат комисии кои ќе бидат составени од членови од повеќе државни институции. Средствата за овие вработувања изнесуваат 3 милиони евра кои се обезбедени од буџетот на јавното претријатие – рече Караџоски.
Директорот на претпријатието додаде дека овие средства „Македонски шуми“ претходно ги даваше на надворешни извршители.
На форумот учествуваа и Светлана Јакимовска, пратеник во Собранието, директорот на АВРМ Влатко Поповски и Весна Петрова, претставник на здружението на самохрани родители “Надеж “.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


