Питачите повторно се вратија на раскрниците. Иако последните години можеше да се забележи дека овие граѓани ги снема од улиците изминатите месеци се повеќе може да се видат на главните сообраќајници како од возачите бараат пари.
И не само што се вратија туку на некои раскрсници стојат и по десетина луѓе, а меѓу нив и бебиња во колички.
Возачите велат дека биле раат кога ги немало на коловозите бидејќи вака се загрозува целата безбедност во сообраќајот, а дополнително е опасно и тоа што питачите се поагресивни и ги навредуваат возачите доколку не им дадат пари.
Иако возачите веќе се вознемирени од присуството на питачи на раскрсниците од Секторот за внатрешни работи – Скопје информираа дека оваа година не е поднесено ниту едно барање за поведување на прекршочна постапка по основ питачење.
– Во Одделението за прекршоци во СВР Скопје, во текот на 2016 година процесирани се вкупно 10 барања за поведување на прекршочна постапка за 13 констатирани прекршоци и пријавени се вкупно 24 сторители на прекршок, додека во периодот од јануари до септември 2017 година, во Единицата за криминалистичко разузнавање и анализа при СВР-Скопје, не се пристигнати барања за констатиран прекршок согласно член 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, посочуваат од СВР Скопје за Вечер.
Во однос на постапувањето при отстранување на питачите од улица, Министертвото за внатрешни работи постапува согласно Кривичниот закон на Р Македонија член по 201 и по Закон за прекршоците против јавниот ред и мир по чл. 24 . Исто така и граѓаните сами може да пријават во полицијата.
-Фактот дека лицата што питачат својата активност ја спроведуваат на коловоз и со тоа ја загрозуваат првенствено својата безбедност во сообраќајот, Министерството за внатрешни работи, односно сообраќајната полиција стрикно го почитува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата не препознава посебна категорија – питач, додаваат од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст