Под мотото „Балканот во срцето на Европа” на 21 и 22. октомври 2017 година, во Букурешт е основана Academia Balkanica Europeana – првата културна институција која го третира Балканот како составен дел на нашата заедничката европска цивилизација.
Првиот состанок на Основачкиот Комитет беше организиран во февруари 2017 година во Скопје, во рамките на симпозиумот „Европа и Хамлет – Да се биде или не” со учество на петнаесет познати меѓународни уметници од Балканот, под претседателство на Жан-Патрик Конрад од Кралскиот колеџ од Лондон и претседател на Европската академија на науките и уметностите и книжевностите.
Во текот на последните седум месеци Основачкиот Комитет темелно работеше на основачките акти на оваа институција и одлучи постојаниот број на редовни членови на Academia Balkanica Europeana да се ограничи на триесет и пет, и дека тие ќе потекнуваат од десет земји: Романија, Грција, Бугарија, Турција, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Косово.
Досега, за редовни членови на Академијата се избрани: од Романија: Ана Бландијана –поетеса, Жорж Бани – театарски критичар и теоретичар,Матеј Вишњек – драмски писател, романсиер и поет, од Турција: Недим Ѓурсел – романсиер, Бедри Бајкам – визуелен уметник, додека од Албанија се избрани писателот Башким Шеху, режисерот Кујтим Чашку и Васил Толе – композитор. Од Босна и Херцеговина членови на академијата се: писателот и режисер Градимир Гојер, режисерката Јасмила Жбаниќ и визуелниот уметник Марина Финци, од Бугарија писателите Алек Попов и Христо Бојчев, Делија Чаушева – визуелен уметник, режисерката Елена Панајотова, од Србија писателот Владислав Бајац, режисерот Слободан Шијан и пијанистката Исидора Жабељан. Меѓу другите за редовни членови на академијата се избрани и црногорскиот режисер Бранислав Мичуновиќ, косовската актерка Арта Доброши, грчките писатели Анастасис Вистонитис и Јоргос Куљарас, како и македонските автори Алаксандар Прокопиев и Елизабета Шелева.
Основачкиот комитет предложи избор на следните почесни членови:
Орхан Памук, добитник на Нобеловата награда за литература , Вангелис – композитор и музичар, и Марина Абрамовиќ – концептуален уметник.
За прв претседател на академијата е избран е Јон Карамитру – романски актер и режисер, а за Генерален секретар македонскиот писател Јордан Плевнеш.
Во духот на познатата изрека на Жан Моне – „Ако сакаме да ја обновиме Европа, мора да почнеме од културата “ Academia Balkanica Europeana има мисија да поттикнува нови врски меѓу балканските уметници, со цел да се промовираат активности и меѓународни културни проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст