| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ го прогласи за дерби на 8.коло дуелот Вардар – Рајн Некар

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го прогласи за дерби на 8. коло од Лигата на шампионите натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар. Средбата е закажана за 18 ноември во СЦ „Јане Сандански”. во Скопје.

По петте одиграни натпревари во група А од елитното натпреварување Вардар е лидер со девет бодови, и заедно со Рајн Некар се единствени без пораз.

Ова ќе биде првпат дуел на Вардар сезонава да биде меч на колото. Досега во групната фаза од лигата на шампионите Вардар и Рајн Некар одиграле вкупно шест натпревари. На четири триумфирал Вардар, а на два тимот од Манхајм.

Вардар пред дербито со Рајн Некар има две гостувања, едно во Шведска кај Кристијанштад (4 ноември), и потоа во Хрватска кај ППД Загреб (11 ноември).

Европскиот првак Вардар има серија од десет натпревари без пораз во ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top