| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во посета на Демир Капија, Градско, Росоман и Кавадарци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес ќе оствари низа настани при што ќе ги посети жителите од неколку населени места.

Во 15 часот Груевски ќе ја посети Општина Демир Капија, а потоа населените места Градско и Росоман.

Како што најавуваат од партијата, во 19:30 тој ќе оствари посета на населба Ваташа, Општина Кавадарци, а потоа ќе оствари  средба со жителите во урбаните заедници Ќиро Крстев и Љубаш, Општина Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top