Околу 15 часот, на излез од селото Кривогаштани, прилепско, кон селото Крушеани, 28-годишната В.П. од Прилеп, додека извршувала земјоделски работи во нива, се здобила со повреда во вратот од огнено ловечко оружје.
Таа во контактибилна состојба, со возило на Итна медицинска помош, била пренесена во Медицински центар Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.
Истиот ден во 17.30 часот во Полициската станица Прилеп, под сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот Законик на Република Македонија, биле приведени Х.М. (52) и Г.П. (64) од Република Франција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст