Сè помалку сончеви денови, студен ветер, облаци, дожд – сето ова влијае врз расположението, но доколку поинаку ги поставите работите, можете да уживате и во оваа врнежлива сезона. Како да ја победите есенската меланхолија?
Креирајте топла домашна атмосфера
Направете си чај со вкус на јаболко и цимет кој асоцира на есен и “пикнете се” под омилениот мек покривач. Можете да си пуштите некој убав романтичен филм, серија или да прочитате некоја добра книга која долго време ја одложувате. За чувството да биде потполно, запалете некоја миризлива свеќа – аромата на портокал, цимет или ванила е неизбежна за есенскиот период.
Одредете еден ден во неделата кој ќе го посветите само на вас. Разгалете се со пилинг, маски за лице и коса и секако опуштете се со топла, пенлива купка. Пуштете ја вашата омилена музика, налакирајте ги вашите нокти и заборавете на сите грижи. Звучи добро, зарем не?
Доколку сте активна личност, тогаш студеното време нема да ве спречи да се прошетате низ паркот бидејќи така на најдобар начин ќе ја почувстувате есента. Лисјата во сите нијанси на жолто кои шушкаат под вашите нозе се нешто што дефинитивно ќе ве релаксира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст