Кај нас како и во повеќето европски држави, последниот викенд од октомври, ноќта на 28 кон 29 октомври стрелките на часовникот се поместуваат за еден час назад (од 3 часот на 2) и со тоа почнува зимското сметање на времето.
Автоклубовите во регионов ги предупредуваат возачите дека во текот на зимското сметање на времето, во некои земји на моторните возила во текот на возењето треба да бидат запалени дневни или кратки светла како што наложува Законот за сообраќај.
Возачите на моторцикли знаат дека во текот на цела година мора да имаат запалени светла на своите моторцикли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.