| четврток, 6 декември 2018 |

Десет мигранти откриени во возило на патот Гевгелија-Неготино, возачот лишен од слобода

Десет мигранти од Сирија и Пакистан биле откриени синоќа околу полноќ на патот Гевгелија-Неготино, по што возачот бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава. За ова информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Вчера околу 24 часот запрено било товарно моторно возило марка „пежо боксер” со радовишки регистарски ознаки, управувано од лицето А.А. (25) од Скопје. По извршениот преглед на ТМВ, биле откриени 10 лица мигранти од Сирија и Пакистан, соопшти Додевски.

Од страна на униформирани полициски службеници од ПС ОН Неготино, возачот бил лишен од слобода и за стореното дело против него ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top