| четврток, 6 декември 2018 |

Месец на македонската култура во Москва

Октомври 2017 е месец на културата на Македониjа во Москва. Го организира невладината организациjа РОО Македонски културен центар.

-Настаните се одржуваат во просториите на Библиотеката за странска литература во Москва. Програмата на Месецот е разновидна и богата. Отворањето му беше посветено на македонскиот театар. Артистите на театарот „Город“ од град Долгопрудниj извонредно го одиграа извадокот од пиесата „Чернодрински се враќа дома“ на Горан Стефановски. Пред публиката настапи Дарко Тодоровски, млад македонски пејач. На книжевната изложба беа претставени книги од областа на македонскиот театар и драма, вечли Олга Панкина.

Таа ја презентирала македонската литература во превод на руски.

-Главно зборував за наjновите преводи и препеви, меѓу другото за едициjата „Македонскиот роман на 21-от век“, за поетскиот зборник „Пејач во кулата“ од Влада Урошевиќ, за списанието „Сегашно време“ (Рига) во кое е застапен македонскиот поет Матеjа Матевски, информира Панкина.

Дописникот на Агенциjата Миррос.инфо кој присуствувал на настанот, импресиониран од слушнатото, своjот допис го наслови „Московски триумф на македонската литература“.

Големо интересирање на публиката предизвикал разговорот за романот „Големата вода“ на Живко Чинго и истоимениот филм што режисерот Иво Траjков го сними во 2005 година. Отворена е и изложба на делата на Чинго, а секоj посетител го доби за подарок романот „Големата вода“ во превод на руски.

-Московските ликовни уметници ги претставиjа своите слики создадени како импресии од престоjот во ликовните колонии на Македониjа. Уметниците се поделиjа на 2 групи и организираа 2 изложби: „Низ Македониjа“ и „Македонски пленер“. Беше подготвена и посебна програма за деца. Тие слушаа и учеjа македонски песнички, играа. Уметникот Александар Белугин отвори работилница за деца и возрасни обjаснуваjќи им за старите македонски орнаменти. Изработеното дела секоj можеше да го понесе за дома како спомен, вели Панкина.

Програмата на Месецот уште трае. Публиката ќе има можност да се запознае со туристички можности на Македониjа, со македонска храна и вино. За фолклорната традициjа во македонската литература ќе зборува Ала Шешкен, профессор на Московскиот универзитет „Ломоносов“. На затворањето на Месецот, наjактивните учесници во настаните ќе добиjат сувенири и награди, меѓу другото акварели чиj автор е македонскиот сликар Живко Поповски Цветин.

Олга Панкина, претседател на РОО Македонски културен центар, вели дека Центарот не е финансиран од никого и истакнува дека одржувањето на еден таков настан како што е сегашниов Месец на културата е тешка работа, но остварлива благодарение на ентузиjазмот на членовите на МКЦ, на нивната посветеност да ги промовираат културните вредности на словенските и балканските земjи со цел заjакнување на приjателските односи меѓу сите народи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top