Кучето на францускиот претседател Емануел Макрон, Немо, го посрамоти својот сопственик кога ненадејно влегло во една од просториите на Елисејскиот дворец, во момент кога во неа се одржувал состанок и почнало да уринира врз каминот.
Кога Макрон сфатил дека неговиот црн лабрадор-птичар се олеснил, им рекол на министрите дека кучето направило нешто сосема невообичаено.
Еден од нив го прашал дали такво нешто често се случува, на што Макрон одговорил не, но смеејќи се додал дека токму министрите се тие кои ;кај неговото куче предизвикале такво невообичаено однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.