| четврток, 6 декември 2018 |

По успешниот настап во Франкфурт, македонските издавачи на саемот на книга и во Белград 

Во рамки на саемот, на штандот на македонските издавачи ќе се одржат и повеќе настани. Во четврток (26 октомври) посетителите, издавачите и агентите ќе имаат можност за средба со писателката Јана Мишо, автор на романите „Скоро Парижанка“ и „Анаис од Монмартр“. Петок (27 октомври) ќе биде посветен на детската литература, а покрај промоцијата на детската продукција и едукативните изданија ќе се одржат и креативни работилници за деца, додека во сабота (28 октомври) ќе се одржи средба со македонски автори чии дела се објавени на српски јазик. Саемската публика ќе има можност да се запознае со македонските автори Румена Бужаровска, Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева, Александар Прокопиев, Сашо Димоски и Венко Андоновски

Република Македонија, по неколку години пауза, оваа година се претставува на Саемот на книга во Белград, со избор од над 400 репрезентативни дела од македонската издавачка сцена, преводи на истакнати книжевници и атрактивни комерцијални наслови од речиси сите жанрови.

Во текот на саемската недела од 22.10 до 29.10,  македонските издавачи – „Култура“, „Арс Ламина публикации“, Издавачки центар „ТРИ“, „КСЦ Полица“ и други – ќе ги претстават своите продукции и ќе организираат серија промоции наменети за пошироката читателска публика. На македонскиот штанд, покрај книжевни дела на македонски, српски и странски јазици, ќе можат да се погледнат и дела од детската книжевност, психологија, образование, креативни изданија, поезија и монографии.

Во рамки на саемот, на штандот на македонските издавачи ќе се одржат и повеќе настани. Во четврток (26 октомври) посетителите, издавачите и агентите ќе имаат можност за средба со писателката Јана Мишо, автор на романите „Скоро Парижанка“ и „Анаис од Монмартр“. Петок (27 октомври) ќе биде посветен на детската литература, а покрај промоцијата на детската продукција и едукативните изданија ќе се одржат и креативни работилници за деца, додека во сабота (28 октомври) ќе се одржи средба со македонски автори чии дела се објавени на српски јазик. Саемската публика ќе има можност да се запознае со македонските автори Румена Бужаровска, Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева, Александар Прокопиев, Сашо Димоски и Венко Андоновски.

Организатор на македонскиот настап на саемот во Белград е Македонската асоцијација на издавачи (МАИ). Претставниците на Асоцијацијата во текот на саемските денови ќе потпишат и меморандум за соработка со Здружението на српските издавачи и книжари. Меморандумот предвидува интензивирање на соработката меѓу српските и македонските издавачки куќи со цел поголема и подобра размена на книжевни и други дела.

Македонскиот штанд е сместен во интернационалната хала (хала 4.1), на простор од 40 m2. Според Бојан Саздов, претседател на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), Македонија ќе има еден од највпечатливите настапи на еден од најпосетените книжевни саеми на Балканот.

Македонските издавачи минатата недела се претставија и на најголемиот саем на книгата во Франкфурт од каде се вратија со позитивни искуства и резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top