| четврток, 6 декември 2018 |

Српската премиерка јавно ја покажа својата љубов

Претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ прв пат јавно на државен настан пристигна со својата љубов, нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ, со која во врска е веќе осум години, објави српски Курир.

Брнабиќ и Ѓурѓиќ вчера заедно пристигнаа на коктелот кој го организираше Владата на Србија по повод отварањето на Музејот на современа уметност во Белград.

Партнерката на српската премиерка е лекар во белградскиот Клинички центар. Според српски Курир, парот решил повеќе да не се крие од јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top