Во дебата на кандидатите за градоначалници на Бутел, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ и Велимир Смилевски од СДСМ, Костовски извади документи кои според него покажуваат дека Смилевски не живее во Бутел. Тој го покажа имотниот лист од куќата во која тврди дека живее Смилевски и тврди дека тој својата куќа си ја продал.
-Што е уште поинтересно, го имам и имотниот лист на таа адреса. Тука навистина е Велимир Смилевски, меѓутоа и луѓето на кои е куќата. Јас би го прашал него навистина, зошто неговата сопруга не е на овој избирачки список, ако навистина живеат во Бутел, неговата сопруга е на избирачкиот список каде што они практично живеат, изјави Костовски.
Тој праша дали неговиот начин е грубо лажење, дали така планира да ја води општината, го праша дали има поголем доказ од тоа што го покажа дека не живее во Бутел.
-Требаше чесно човечки да признаете дека не живеете во Бутел и тоа повеќе од 10 години. Не само што не живеете, туку сте ја продале куќата, изјави Костовски.
Тој кажа дека во претходната дебата која ја имале Смилевски го поканил на кафе, каде тие отишле, но Смилевски не бил таму, што според Костовски е доказ дека тој таму не живее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст