| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешн вицепремиер уапсен поради нарачка на убиство

Словачката полиција го приведе пораншениот министер за економија и заменик премиер, поранешен лидер на Алијанса на новиот граѓанин (АНО) ,медиумски магнат и бизнисмен Павол Руско.

Братиславскиот весник СМЕ објави дека Руско е осомничен дека пред 20 години нарачал убиство на коспоственичка на една од неговите фирми, Силвија Волзова.

Руско и Волзова беа сопственици на словачката телевизија „Маркиза“, а тој го нарачал убиството откако таа одбила да му го отстапи уделот во компанијата.

Според СМЕ, Руско ветил дека ќе плати 20 милиони словачки круни (оклу 450.000 долари), а дал и аванс од 500.000 круни (околу 10.000 долари) за елиминација на Волзова. Но, во меѓувреме, полицијата кон крајот на 1997 година го уапсила потенцијалниот убиец, кој подоцна го обвинил Руско.

Волозова под закана заминала од Словачка и сега живее во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top