Португалецот Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч на светот повторно и во 2017 година, откако вечерва ја доби наградата „ФИФА Бест“, која ја доделува Светската фудбалска федерација (ФИФА) заедно со навивачите и новинарите, во гласањето кое го спреоведе во изминативе неколку месеци. За најдобар голман е прогласен 39 годишната легенда на светскиот и италијанскиот фудбал, голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон.Во другите категории, добитници на награди се:
Зинедин Зидан е најдобар тренер во 2017 година
Џанлуиџи Буфон е најдобар голман за 2017 година
Навивачите на Селтик ја добија наградата за најдобри навивачи за оваа година
Сарина Вигман, селекторката на Холандија е најдобар женски тренер за 2017
Франсис Коне е добитник на наградата за гер-плеј за 2017 година
Оливие Жиру за гол на годината – награда „Ференц Пушкаш“
Вике Мартенс од Холандија е најдобра фудбалерка за 2017 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија трет месец со ред 68. на ФИФА ранг листата
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал