| четврток, 6 декември 2018 |

Меси се појави во нормален костим, но сите му фаќаат сеир на Дани Алвеш (Фото)

Вечерва во Лондон, ФИФА ќе ги додели најважните награди, а Меси е еден од трите номинирани.Откако низ изминатите години постојано беше за потсмев со својот стајлинг на доделувањето на најзначајните индивидуални награди, Аргентинецот Лионел Меси конечно се појави во нормален аутфит заедно со сопругата Антонела Рокуцо. За да не остане секоја гала-церемонија без сеир за нечиј стајлинг се погрижи Дани Алвеш, поранешниот соиграч на Меси во Барселона, а сега соиграч на Нејмар во ПСЖ. Вниманието на јавноста ја привлече и средбата на најдобрите играчи во историјата на фудбалот Кристијано Роналдо и Меси како и средбата меѓу двајцата аргентинци легендата Марадона и Лионел.

Диего Марадона во безброј наврати има искажано колку многу се воодушевува на неговиот сонародник Лионел Меси, но исто така, од непознати причини призна дека нивниот однос е значително заладен и дека ѕвездата на Барселона не одговара на неговите телефонски повици кои особено биле зачестени кога Лео одлучи да ја напушти аргентинската селекција.

Сепак, оваа вечер во Лондон, двајцата имаа можност да се соочат еден со друг во увертирата на гала вечерта на ФИФА на која ќе биде прогласен најдобриот играч во светот, а светските медиуми експресно пренесоа како заврши нивната средба од која сигурно ќе останат горди сите Аргентинци…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top