Само со инвестиции и подобрување на животните услови се оди напред. Мојата посветеност и непосреден контакт со сите жители на Општина Карбинци ми дава за право да мислам дека сум во предност пред мојот противкандидат од СДСМ. За разлика од нив кои само ветуваат, јас позади мене имам оставено голем број на докази за начинот на кој сум ја водел општината, истакна на денешниот собир со граѓаните во Карбинци, кандидатот за градоначаник на оваа општина од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Минов.
Тој посочи дека доказ оти ветеното се реализира е и изградбата на новиот зелен пазар кој ќе започне со работа за неколку дена.
-Во делот на урбано уредување, реализирани се 23 проекти, од областа на образованието реализирани се 17 проекти. Средствата се наменети за подобрување на училиштата, инфраструктура и урбано уредување на училишните дворови. Од областа на социјалната и детската заштита реализирани се 8 проекти, при што изградена е градинка. Во спортот реализирани се 11 проекти, рече Минов.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека на истиот начин планира и во иднина да ја развива општината, доколку ја добие поддршката од граѓаните.
-Во иднина планирам да се продолжи и интензивира изработката на урбанистичките планови за населените места Долни Балван, Крупиште, Радање, Аргулица, Козјак…., што е од огромна важност за урбанизација на Општина Карбинци. На барање на потенцијални инвеститори општината ќе изврши урбанизација на нови локации за индустриски зони, пред се за лесна и незагадувачка индустрија. Голем дел од енергијата ќе ја насочиме кон изградба на пречистителна филтер станица со што ќе се елиминира недостатокот од квалитетна вода за водоснабдување. Проектот ќе ги опфаќа населените места Карбинци, Таринци, Нов Караорман, Долни Балван, Крупиште, Радање, Аргулица…вкупно 3.300 жители. Го најавувам и проектот регионален водоводен систем Плачковица со кој ќе се создадат услови за квалитетно водоснабдување на повеќе места, нагласи Минов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст