Една двојка од Велика Британија, која е во брак веќе 70 години, тврди дека успехот за среќен брак не е во согласувањето, туку во карањето. Тие во текот на бракот се карале речиси секој ден.
Кет и Бил Шевелс тврдат дека за 70 години во брак се карале вкупно 25.550 пати.
Оваа година го слават 91-от роденден, но и платинска годишнина од бракот и велат дека сите караници настојувале да ги решаваат со шеги и со смеење.
„Морате да бидете искрени и заедно со добрите страни, да ги прифатите и лошите страни на вашиот партнер”, вели Кет и додава дека „морате да знаете да се смеете за да успеете да го одржите бракот“.
Двојката се запознала за време на Втората светска војна, кога двајцата служеле во воената авијација. Тогаш 20-годишната Кет им сервирала храна на Бил и на неговите колеги.
Се венчале во 1943 година и имаат син, три внука и две правнучиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст