| четврток, 6 декември 2018 |

Актерката открива: „Поради разводот се разболев од епилепсија“

Пред неколку недели, актерката Мелани Грифит (60) се појави во Лос Анџелес со темна дамка на носот. Како што пренесоа странските медиуми, Грифит била на операција за отстранување на меланомот на кожата и сега се наоѓа на терапија.

„Мојата здравствена состојба е под контрола благодарение на лековите“, изјавила Мелани за медиумите.

Актерката на конвенцијата за здравје во Лос Анџелес открила дека боледува и од епилепсија.

Потоа можеа да се прочитаат наслови дека болеста ја предизвикал силниот стрес поради разводот од актерот Антонио Бандерас (57).

Актерката ракот на кожа првпат го победи во 2009 година кога и’ се појави под десното око, но болеста повторно и’ се врати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top