Денес одиме по трнлив, тежок и мачен, но исправен пат. Патот мора да се изоди бидејќи друг пат нема. Идејата мора да живее бидејќи ако ја нема идејата, ќе ја нема ни иднината. Делото мора да трае. ВМРО ќе го издржи и ова бидејќи има света мисија пред себе, ја има Македонија како водилка и инспирација, бидејќи без разлика на се што ќе кажат и ќе ве убедуваат – ако го нема ВМРО ќе ја нема ни Македонија.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска присуствуваше и се обрати на Свечената академија по повод „Денот на Македонската револуционерна борба“.
– Нивното досие во кое нас не водат како македонски националисти, алудирајки на шовинисти, е само повторување на една мрачна епоха од минатото, која ние и тоа како ќе ја издржиме, и ќе ја совладаме. Ние знаеме дека ние сме само патриоти и родољуби, кои си ја сакаат својата земја и народ и се подготвени на високи ризици во нивна заштита. И немаме ништо против или било што злонамерно кон другите земји и народи. Напротив. Ако мислеа дека со фабрикувани избори и организиран изборен инжињеринг ќе не поразат, ќе не срозат, и ќе го поразат духот на Македонците, им порачувам дека притаснале на копче кое само не активира да нашиот организам почне да работи со 120 осто капацитет. Сите можеби некогаш и оправдано скептици, како и сите оние кои подлегнале на пропагандата ги повикувам да ја видат суштината и големата слика, и да се приклучат на вмро во оваа тешка битка. Битка која само заедно и обединети можеме да ја победиме. Ова не е битка на индивидуалци, или лидери. Тоа е минлива категорија, ова е битка на еден народ за опстанок, за идентитетски и економски опстанок.
Храброста, патриотизмот, љубовта, самопрегорот, рече Груевски, ги добиваш од раѓањето па се до формирањето на личноста и карактерот и на нив не влијаат никакви притисоци.
– Ние со нашиот карактер и нашиот слободарски дух сме се родиле и не ги менуваме по ни една цена. Нивната порив и ниска страст ќе помине. Ова што денес го прават нема да се заборави. Солзите на детето и жената кои го гледаат таткото и мажот како е тепан од разулавена толпа на глутница квазијунаци не ви ги забораваме. Скршените черепи ќе заздрават, ама нема да се заборават. Запалените возила и запалените куќи нема да ги избиршат нашите спомени и нашиот непокор. Одземените покачувања на пензиите ќе ви се паметат. Заканата за укинивање на субвенциите за земјоделецот кој нема да има повисок принос од претходната година, се ваш пораз. Намалената просечна плата, намалениот извоз, индустриско произвоство, девизни резерви, и севкупно намалената економија, денес го загрижуваат и притискаат народот, но за некое време ќе нагазат на вашите плеќи, нема да се заборави. Лагите кои им ги пласиравте на младите ќе ви се вратат како бумеранг, дополни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето денешно обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии