Осумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе остана без својата заштеда откако итрец ја прелажал и видел каде ги крие парите од пензијата.
Полицијата денеска информира дека вчера околу 8:30 часот непознато машко лице заѕвонило на вратата од домот на М.Г. и покажувајќи и смета за струја, која претходно ја зел, од нејзиното поштенско сандаче и рекол дека е вработен во ЕВН и дошол за да ја наплати сметката.
Бабата му поверувала, па пошла до собата и од под душекот каде ги криела парите зела онолку колку што бил износот на сметката. Кога тоа го видел крадецот ја турнал бабата и го зел пликот во кој што имало 15.000 денари, а потоа побегнал.
М.Г. веднаш по кражбата го пријаваил случајот во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.