
Полицијата тајно го снимила Владимир Марјановиќ, свекор на убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, додека со својот син Зоран во семејниот автомобил ја наговарал сопругата да лаже за нив.
Тој наверојатно ќе биде приведен поради тајната снимка, како и поклопување на неговиот ДНК со трагите кои се најдени на телото на Јелена.
Како што се дознава, тој најверојатно ќе заврши зад решетки, бидејќи полицијата кон крајот на април 2016 година го снимила додека во автомобилот ја наговарал жената за синот и него да пружи алиби, како и после сослушувањето во полиција , кога и рекол:Зорице, се извлековме, сите ги зезнавме!
Владимир се товари дека токму тој е мозокот на совршеното злосторство во Борча и дека имал задача да се ослободи од телото на Јелена, дека синот го дрогирал за да го излаже полиграфот и ја наговарал сопругата со лаги да ги покрива Зоран и него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


