| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски стана татко

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски стана татко. На социјалните мрежи се редат честитки за родителите Борко и Нина.

Убавата Николина, Борко вешто ја криеше од јавноста. Со атрактивната и шармантна девојка, ни помалку ни повеќе имаат исто презиме, а не ретко таа можеше да се забележи на трибините како го бодри на натпреварите.

На профилот на убавата Николина, која неодамна го прослави својот 25-ти роденден, осамна фотографија на која таа го покри лицето на момчето до неа со розово срценце, но она што може да се забележи е дека мистериозниот лик  има иста тетоважа на левата рака, како и Борко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top