| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте при подигање пари: На банкомат во Ново Лисиче откриена двојна тастатура и скенинг детектор

Двојна тастатура и двоен скенинг детектор открил граѓанин на банкомат во Ново Лисиче.

Според информациите на МВР, вчера во 13 часот граѓанин пријавил дека при вадење на картичка од банкомат на банка на бул. „Видое Смилевски Бато“  забележал дека на банкоматот се вградени двојна тастатура и двоен скенинг детектор.

Од претставник на банката било потврдено дека се работи за додатоци кои се нелегално поставени. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top