| четврток, 6 декември 2018 |

Тајани: Европа треба да се плаши од ширење на мали нации

Претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани изјави дека Европа би требало да се плаши од ширење на мали нации, во време кога Шпанија се бори со каталонската криза, а италијанските региони Ломбардија и Венето денеска одржуваат референдуми за поголема автономија.

– Поради тоа никој во Европа нема намера да ја признае Каталонија. Дури и Тереза Меј насред Бегзит рече дека Обединетото Кралство никогаш не би ја признало Каталонија. Шпанија е историски обединета држава со многу автономни региони и разнолико население кое зборува на различни јазици. Европа нема да зајакне со деградирање на државноста, изјави Тајани за италијанскиот весник „Месагеро”.

Тој рече дека референдумите во Италија се легтимни и оти по тоа се разликуваат од оној во Каталонија.

– Овие два референдуми се легитимни што не беше случај во Каталонија. Во Шпанија, не се работеше за автономија, туку за прогласување независност, што е против владеењето на правото и шпанскиот Устав, изјави Тајани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top