| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена тајната на кралскиот прстен, ова е приказната за вереничкиот подарок на Кејт Мидлтон

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја израдуваа јавноста кога ја објавија информацијата за нивната веридба, а вереничкиот прстен кој го добила идната невеста тогаш засени сѐ.

Принцот за таа прилика го избрал прстенот од сафир украсен со дијаманти, сличен на брошо кој ѝ припаѓал на кралицата Викторија.

Брошот ѝ го подарил принцот Алберт.

Сара Прентис, кретивен директор во фирмата за скапоцени предмети го дизајнирала брошот во 1840 година.

Во тестаментот, Викторија наложила брошот секогаш да се наоѓа во кралското семејство и секогаш да припаѓа на тие што владеат. Повеќе од 100 години подоцна, кралицата Елизабета се заљубила во брошот и го носела во сите прилики. На принцезата Дајана исто така ѝ се допаднал брошот и побарала од принцот Чарлс да ѝ купи нешто слично на тоа. Токму тогаш тој го купил овој прстен, кој го носела Дајана, а сега војвотката од Кембриџ.

Всушност, принцот Хари бил оној кој го наследил прстенот по смртта на Дајана, а тој одлучил да го остави во кралството, а бидејќи Вилијам прв се верил прстенот го земала неговата сегашна сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top