Груевски со сигурност тврди дека ова што се случува е со цел да се уништи ВМРО-ДПМНЕ, а тоа пак, за да се уништи секој кој си ја сака државата. Сето тоа ќе придонесе да се оствари планот за промена на името на државата, на јазикот и на нацијата, или, со други зборови, промена на идентитетот на Македонците и на Македонија.
-Ако се согласевме за промена на јазикот, на името на државата, на името на нацијата, сега ниту Заев ќе беше ниту че имаше монтирани процеси како што има сега. Сакаат промена на Уставот и на името на државата – тоа е крајната цел. И овие ќе прифатат се што бара Грција, како што прифатија се што побара Бугарија.
Заев е донесен на власт токму поради ова, вели Груевски, а изборните нерегуларности кои му донесоа убедлива победа на СДСМ на изборите се само поткрепа на власта на СДСМ која треба да го спроведе планот за губење на идентитетот на Македонците.
-Најавивме иницијатива за референцум. народот треба да се изјасни. како така ќе потпишуваат таков договор без да го прашаат народот? Го објавија ли тие некогаш договорот за толку лесно да го потпишат? Треба да се праша народот. Ако народот се согласи, тоа е во ред. Бугарите бараа неколку работи. Бараа јазикот да се нарекува „македонски во согласност со Уставот на Македонија“, што имплицира дека не постои македонски јазик, но бидејќи така пишува во Уставот, еве ќе го пишеме „во соглсност со Уставот“. Ние тоа баравме да го тргнат тоа. Второ, бараа да влезе во договорот дека имаме заедничка историја за потоа да се формира комисија која овие ја прифатија и таа подоцна да ги смени учебниците по историја. Дека сме имале заедничка историја до 44-45, па ќе учиме како на 11 октомври не пукнала првата пушка против фашизмот, туку дека имало идеолошки конфликт меѓу различните идеолошки страни на бугарското население во Македонија; па дека сите дејци на ВМРО се бореле за Бугарија. Откажувањето од малцинството во Бугарија – тоа се работите поради кои не го склучивме договорот со Бугарија. Сето друго го договоривме, текстот беше спремен, само овие три работи останаа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст