| четврток, 6 декември 2018 |

Доколку ја добиеме поддршката, ќе донесеме 30 инвестиции во Кисела Вода, Гази Баба и Бутел

Освен враќање кон традиционалниот идентитет, остануваме верни на она што е наш препознатлив лик – работа и само работа. Во Скопје учествуваме во изборите во три општини, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел. Ако ја добиеме поддршката, освен што ќе се исполни програмата таму, верувам и сигурен сум дека ќе успееме да донесеме барем триесет инвеститори во овие општини. Истото важи и за другите општини каде што ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, имаме тим, имаме способни луѓе кои докажаа дека знаат да носат инвеститори, најави Греувски.

Тој потенцира дека во општините под локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ќе докаже дека тимот е поинаков од СДСМ, дека се грижи да обезбеди нови инвеститори и работни места.

-Да не се дозволи апсолутна власт во државата, остануваме верни на нашите програми и на нашите принципи на работа.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top