| четврток, 6 декември 2018 |

Крајната цел е да се стиши секој слободноумен Македонец, со што сакањето на државата треба да стане демоде


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во специјалното издание на магазинот „Седмица“ на ТВ Алфа обвини дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се прислушувани во последниот период.

-Во службата е отворено досие „Македонски екстремизам и тероризам“ службите имаат цел да прислушуваат 100 лица од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Груевски.

Тој рече дека нема кому да се пожали во врска со ова бидејќи друг владее со службите.

-Според информациите што ги имаме засега, прислушувањето го се врши во Министерството за внатрешни работи, од луѓето кои работат таму. Ако сакаат да го демантираат тоа, ќе треба да дозволат да се направи увид, рече Груевски.
Крајна цел на сето ова не е само ВМРО, не сум само јас, крајна цел е да се сузбие секој слободномислечки Македонец, кој се грижи за својата држава, го сака својот народ, го сака својот идентитет, јазик име, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето вечерашно гостување на Алфа телевизија.
-Преку разни механизми се делува сакањето на државата да стане демоде, а модерно да стане на пример геј браковите, посвојување на деца од хомосексуални бракови, тоа да е модерно, а некој ако си ја сака државата, или идентитетот, или името, или јазикот, тоа да е демоде, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top