| четврток, 6 декември 2018 |

Некому му требаше на овие избори СДСМ да излезе победник: ДИК, ОБСЕ и ОДИХР и амбасадорите замижаа пред нерегуларностите

Кандидатие за градоначалници беа постојано следени, открива Груевски во „Седмица“ на ТВ Алфа, и додава дека овој начин на заплашување се уште се спроведува врз кандидатите во оштините во кои ќе се одржи и втор круг на изборите.

-Пред некој ден зборував со кандидатот за градоначалник на Штип, кој ми вели дека секој ден го следат три возила, каде одам, акде се движам, нудат пари, што ќе им падне на ум, пари, закани. Истото ми го кажа и кандидатот за градоначалник на Прилеп. Вели, каде ид а одам 15 минути по мене одеа нивните активисти. Не може 18 дена да се движите по различни маала и истиот ден во истото време да дојдат и опонентите. Значи, имало активнос следење. Земјоделците беа максимално изманипулирани. Во деновите пред изборите им се исплатија 80 милиони евра, и тоа самите СДСМ се пофалија, кои ние ги обезбедивме во буџетот, меѓутоа заради процесот на долго формирање влада, не можеше да биде исплатено. И сега тие парите што ги оставивме, ги исплатија и ги прикажаа како да се грижат за земјоделците.

Притисоци имаше и врз граѓаните , учесници во настаните на 27 април. Целото подземје, криминалци, дилери на дрога, од речиси сите општини беа ставени во служба на СДСМ. Од првиот до последниот во пирамидата, но не само тие да гласаат, туку и да влијаат врз луѓетос о кои имаат допир.

Груевски обелодени ситуација која допрва треба да се испита.

-Во Македонија досега за изборите се ангажирале различни печатници, но еве сега читаме од медиумите дека овојпат печатницата што ги печатеше материјалите е сопственост на активист на СДСМ. Во истата печатница и СДСМ ги печатела своите материјали, а и оние од платената револуција ги печателе своите материјали. Имавме недостаток на ливчиња, за што ДИК не реагираше.

Имавме избори како во Африка, а не како во Европа, констатира Груевски. Тој потсети на недоследностите за кои ВМРО-ДПМНЕ имаше и поднесено приговори до ДИК. Тие претставуваат сериозни сомневања дека е извршен изборен фалсификат со бугарски воз.

Тој кажа дека бројни нерегуларности, докажани со докази се премолчени и релативизирани од страна на ДИК.

-Мнозинството членови на ДИК се поддржувачи на СДСМ, таа државна комисија се избра по нов модел во која требаше да има т.н. тројца независни членови, изјави Груевски и појасни дека овој модел бил донесен после пржинскиот договор. Груевски кажа дека месец дена пред да се донесе ово модел, еден од членовите се фалел дека ќе биде на таа позиција, тој напомена дека нивната работа е да слушаат насоки од надвор.

-Имавме и закани кон нашите членови на ДИК, закани со кривични пријави, еден од нашите претставници веќе има обвинение. Со тоа се гледа практично дека заканите може да бидат реални, изјави Груевски.

Тој кажа дека ќе поднесат претставки од Управниот суд, иако се свесни дека и тој како и сите други судови во Македонија, од страв, закани и заплашувања веќе се ставени под партиската капа на СДСМ и ги слушаат нивните инструкции.

-Но, сепак ние ќе го направиме нашето и ќе поднесеме до нив тужби, за кои она во рок од 48 да одговорат, изјави Груевски.

Тој кажа дека два пати ги викнале ОБСЕ и ОДИХР, но дека не биле дојдени за да ја видат реалната слика, два пати биле викани и сите амбасадори на земјите членки на НАТО и ЕУ.

-Очигледно е дека на некому му требаше на овие избори СДСМ да излезе победник, иако сите тие беа свесни, од неформални извори знам, дека ВМРО е фаворит, дека ВМРО води пред овие, води во смилса на поддршка на граѓаните. Некому му требаше да се случи обратното, за потоа со нив, засилени, охрабрени, а ние ослабени, да решаваат крупни прашања значајни за иднината на Македонија, значајни за нашиот идентитет, изјави Груевски.

Тој напомена дека изборите се веќе нелегитимни, дека ова се најнедемократските избори во Македонија, дека не се сеќава, но дека на многумина, меѓу кои и странците не им одговараше да го видат тоа.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top