| четврток, 6 декември 2018 |

Ги имаме обвинителствата, внимавајте што правите – активистите на ВМРО-ДПМНЕ пасивизирани со закани

Зборувајќи за масовното поткупување на гласачите за време на изборите, Груевски се осврна и на бугарскиот воз, односно користење на заокружени гласачки ливчиња кои им се даваат на поткупени луѓе во кои се нема доверба дека ќе гласаат онака како што се платени.

-Освен поткуп, имаше невидени притисоци и закани кон претседатели на месни комитети на ВМРО-ДПМНЕ, познати активисти на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја движат машинеријата, други членови со цел да го пасивизираат работењето на партијата во изборниот период или пак да не гласаат или пак да гласаат со неважечки ливчиња. Ако за поткупот дознававме нешто и претходно и го коментиравме, за ова работите најмногу ги дознавме вечерта по гласањето, токму од луѓето кои не подлегнале на уцените и заканите. Ни ги кажуваа со име и презиме луѓето кои им се заканувале, активисти на СДСМ, голем дел од нив биле и соработници на полицијата против тогашните структури на ВМРО.

Груевски вели дека имал можност да ги слушне и заканите на активистите на СДСМ, кои им ги упатувале на претседателите на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. „Обвинителството е со нас, гледате дека целото раковдство на ВМРО-ДПМНЕ добива обвиненија, па што остана за вас“, е една од заканите кои им биле упатувани на активистите на ВМРО-ДПМНЕ.Груевски посочи дека биле заплашувани и кандидатите со повисок рејтинг за да се заплашат и за да се одвратат да се кандидираат.

– Неколку кандидати се откажаа од страв, зашто активисти на СДСМ им се заканиле дека ќе добијат по неколку кривични пријави ако се кандидираат. СДСМ веќе не се заканува со СЈО, туку и со ОЈО. Сега ги имаме обвинителствата – така им зборуваат на лушето, вели Груевскии набројува што се им било зборувано на активистите и кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако излезете на тој ден, ќе имате проблеми, ако не го пасивизирате  вашето работење, ќе имате проблеми“ – значи освен масовен поткуп, втората работа беше уцени, заплашување на наши членови или пак на членови кои на 27 април учествувале во случувањата во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top