| четврток, 6 декември 2018 |

Џастин Бибер ја урна Лејди Гага од тронот на Твитер

Во совршен свет најпопуларните луѓе на светот со најмногу следбеници на социјалните мрежи треба да бидат брилијантни научници, интелектуалци, писатели, философим или духовни водачи.
Но во овој свет најпопуларно е едно момче кое има 18 години познат по своите поп песни и интересна фризура. gty_lady_gaga_jef_121008_wblog
Во понеделникот навечер Џастин Бибер стана човекот со најмногу следбеници на Твитер. Ја надмина мега популарната Лејди Гага која има само илјада следбеници помалку од 33,333,000 колку што има Бибер.
и двајцата продолжуваат да ги зголемуваат бројките на Твитер но се чини дека Бибер полека го зголемува своето водство пред Гага. Аналитичарите на Твитер претпоставуваа дека промената на тронот на Твитер ќе се случи во саботата навечер но смената беше одложена откако Лејди Гага со неколку твита се обиде да привлече нови следбеници.
Britney-Spears-Hot-HD-Wallpaper-1080x607
Речиси три години Лејди Гага беше на врвто на листата на Твитер откако од првата позиција ја урна Бритни Спирс во август 2010. На фејсбук ситуацијата е поинаква , таму во водство е Ријана со 65 милиони следбеници пред Лејди Гага со 55 милиони обожувачи и Бибер со околу 50 милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top