| четврток, 6 декември 2018 |

Пучдемон прво на протести, а потоа одлука

Каталонскиот претседател Карлсе Пучдемон вечерва ќе одржи говор, откако ќе учествува на протестите по повод денешната одлука на шпанската влада за распуштање на каталонската влада и одржување на вонредни парламентарни избори.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој претходно изјави дека шпанската влада не ја укинува автономијата на Каталонија, но ќе ја суспендира регионалната влада и ќе ги отстрани регионалните лидери, кои ги прекршиле законите. Тој нагласи дека било неизбежно шпанската влада да премине на членот 155 од Уставот и покрај тоа што не сакала.

Ова е прв пат централната шпанска влада во Мадрид да го примени членот 155 од Уставот, за да ја реформира регионалната влада и да повика нови избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top