| четврток, 6 декември 2018 |

И Валандово има своја Карлеуша, а и Бионсе (ФОТО)

Колку што старлетите во подем ја следат и ја копираат Карлеута, толку и таа им дава значење споделувајќи нивни фотографии и давајќи им поддршка. Сигурно се сеќавате на Миа Арабаџиева од Валандово, која пред неколку години прослави роденден во стилот на карлеуша, а Карлеуша ѝ посвети внимание споделувајќи ги нејзините фотографии.

Младата Миа од Валандово како верен фан на Јелена тогаш одлучи најубавиот ден во годината да го мине во духот на својата омилена дива. Со торта на која има фигура од Јелена Карлеуша, маички со принт, мафини со фотографии, тематски маникир и раскошен амбиент, таа славеше во кругот на своите пријатели.

Но, Дивата порасна и ги надмина границите на локалните ѕвезди, па минатата година медиумите пишуваа за Македонката со секси облини која ја засени Бионсе.

Миа Арабаџиева се инспирираше од еден од раскошните фустани со кои Бијонсе се појави на црвениот килим и си направи еден по мерка.

Македонка со секси облини ја засени Бијонсе (фото)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top