Фотостудијата што се занимаваат со фотографирање на венчавки, веридби, крштевки… повикуваат на бојкот на црквите од Повардарската епархија, а владиката Агатангел им одговара дека ќе распише тендер за тоа кој ќе има право да фотографира по црквите.
Од пред неколку месеци по црквите во Повардарската епархија фотографите се обврзани да платат некоја нова давачка за сликање и снимање – 500 денари за фотографиите пред црквата и 1.500 денари за сликање и снимање во црквата, пишува МДК.мк. Според порталот, оваа волја Господова веќе се остварува во Велес. Сите фотостудија од овој крај ја потврдуваат оваа информација и велат дека имале и средба со владиката Агатангел на оваа тема, но без успех. Еден од сопствениците на фотостудијата од Повардарието вели дека владиката им рекол оти во сите цркви ќе мораат да плаќаат по 500 денари доколку сакаат да фотографираат, „така сакал Господ“,.
Според тарифникот на епархијата, за крштевка се плаќа 3.000 денари, за венчавка со еден свештеник се плаќа 3.500 денари, а за присуство на тројца свештеници 5.000 денари. Сега има и нова тарифа – 500 или 1.500 денари за фотографирање.
Целиот текст ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст