Вчера околу 23 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 39-годишниот М.А. од Скопје од една страна и лицата П.С. и С.М. од друга страна. Причина за тепачката била расправија околу времето на изведување на градежни работи. По тепачката лицата биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди. П.С. и С.М. биле пуштени на домашно лекување, додека М.А. бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст