| четврток, 6 декември 2018 |

Еднорози постоеле, но биле многу грди и насилни (ФОТО)

Приказните за еднорози кулминирале во средниот век кога одредени трговци почнале да ги продаваат нивните рогови во прав, а денеска се добри пријатели на девојчињата. Вистината е дека некогаш навистина чекореле по Земјата, но не биле пријателски настроени.
Научници кои го истражуваат Сибир, во регионот Павлодар и Казахстан анализирале зачувани черепи од фосилот Elasmotherium sibiricum, познат како сибирски еднорог. На основа на тоа, дошле до заклучок дека овие животни се предци на денешните носорози.
Со оглед на тоа дека јаделе растенија, имале големи рамнии заби, а најголемиот дел од тежината им била на предните нозе (како бизоните). Биле долги околу 5 метри, високи малку повеќе од два метри, а тешки четири тони.

Научниците прво верувале дека овој вид изумрел, но по поподробни истражувања било откриено дека пронајдените фосили се стари само 29.000 години, што укажува на тоа дека Elasmotherium sibiricum живееле во времето на луѓето, односно во времето кога живеел и човековиот предок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top