Девет години по откривањето на монструозниот сучај Фрицл во гратчето Амштајн во Австрија, австриските медиуми објавија вест која сугерира дека силувањето на ќерките кои ги држел во заточеништво зад осум врати е само дел од приказната.
Под насловот „Откриена уште една зандана на Фрицл“ порталот “Osterreich” пишува дека ѕидари сосема случајно откриле сокриена просторија во угостителски објект со кој со години стопанисувале Јозеф Фрицл и неговата сопруга Розмари во малото туристичко место Утерех ам Мондсе.
На криминалистичките истражители не им паднало на памет да ја истражат оваа недвижност во сопственост на Фрицл. Но, кога неодамна ѕидарите сфатиле дека еден од ѕидовите е лажен, а потоа виделе дека зад него има атриум во кој се наоѓаат скалила кои водат „во ништо“, им станало јасно дека случајот Фрицл не е затворен. Скалилата се спуштаат кон ништо, како што пишува порталот, зашто на крајот има ѕид од стаклени блокови, а зад него има уште еден ѕид. Но, тоа не е се.
More MAIL on last link. Flat where Josef Fritzl imprisoned daughter up for sale https://t.co/LsXpgry0jc https://t.co/2igiLBmnMm pic.twitter.com/3beACyEoZr
— MyAmigo (@myamigo_music) April 25, 2017
„Во куќата насекаде има шуплини“, вели денешниот станар во куќата, Хелмут Л., кој морало да изработи премер и испитување на гостилницата, зашто се испоставило дека куќата нема градежна дозвола. Така излегло се на виделина.
Работите стануваат уште позамрсени и почудни ако се знае дека додека Фрицл бил газда на куќата, двапати избивал пожар, а тој самиот спровел опсежни градежни зафати и адаптации на куќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.